Дваесет и едно годишната Н.Џ. од охридско Пештани вчера попладнето паднала во провалија на планината Галичица.
Од полицијата информираат дека девојката со нејзиниот пријател се движела низ планината, кога после местото викано Корита се лизнала и паднала во провалија.
На местото веднаш излегле Итна медицинска помош и противпожарна екипа, по што девојката е извлечена и однесена во медицинскиот центар во Охрид каде се наоѓа надвор од животна опасност.