Девојка паднала во провалија на Галичица


Дваесет и едно годишната Н.Џ. од охридско Пештани вчера попладнето паднала во провалија на планината Галичица.galicica.zima

Од полицијата информираат дека девојката со нејзиниот пријател се движела низ планината, кога после местото викано Корита се лизнала и паднала во провалија.

На местото веднаш излегле Итна медицинска помош и противпожарна екипа, по што девојката е извлечена и однесена во медицинскиот центар во Охрид каде се наоѓа надвор од животна опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1