Не е спорно дека лукот е еден од најпопуларните и најздрави производи кој се препорачува како средство за намалување на крвниот притисок, за намалување на холестеролот, па и како превентива и лек за настинка. Но дали некогаш сте се запрашале од каде доаѓа лукот? И што се случува со него од моментот кога ќе бидат извлечени од земјата до моментот кога ќе се најдат на нашите полици?
Доколку не знаете, повеќе од 80 проценти од лукот што се продава ширум светот, доаѓа од Кина и содржи хемикалии со кои се спречува р‘тењето, хемикалии со кои се избелува, и метил бромид со кои се уништуваат сите можни инсекти.
Според Хенри Бел, извршен директор на австралиската асоцијација на производители на лук, лукот што се произведува во Кина содржи хемикалии со кои се спречува неговото р‘тење, хемикалии со кои се избелува, и метил бромид со кои се уништуваат сите можни штетници и бубачки. Метил бромидот пак е исклучително токсична хемикалија и изложеноста на високи концентрации на оваа хемикалија можат да предизвикаат сериозни оштетувања на респираторниот и на нервниот систем, па дури и да доведат до смрт.
Освен овие, лукот увезен од Кина содржи и други штетни компоненти па следниот пат кога во продавница ќе посегнете по лук, запрашајте се од каде доаѓа. За среќа, лукот од Кина лесно се разликува од домашниот, со тоа што нашиот лук има остатоци од коренчињата на дното и е потежок од кинескиот…и, се разбира, не е толку бел.
artkujna.mk