Мајка монструм: Отишла кај љубовникот и ги оставила децата да умираат од глад


Владислава Подчапко (20) ги оставила сами своите деца и заминала кај љубовникот. По 6 дена, нејзиниот 23-месечен син умрел од глад. Во полиција рекла дека не знаела дека децата можат да умрат од глад и дека можела да се случи ваква трагедија.

Мајката децата ги оставила само во својот стан во Киев, Украина, а потоа 9 дена поминала кај својот љубовник. Во станот останало детенцето и неговата двегодишна сестра.vladislava-podchapko-620x350-92228

Малечкиот Данил по 6 дена починал од глад, а неговата сестра Ана наредните три дена ги поминала сама во станот покрај телото на мртвото братче.

Кога конечно го пронашле девојчето било во многу лоша состојба и итно е префрлена во олница. За среќа лекарите успеале да и го спасат животот.

-Девојчето е исцрпено и многу слабо, велат лекарите.

По бројните инфузии, девојчето е во стабилна состојба и ќе преживее. Подчапко, за која се верува дека е бремена со трето дете, рекла во полиција дека не знаела дека можат да умрат.

Таа веднаш е притворена и и се заканува затворска казна од осум години поради злоставување на децата.

Медиумите пишуваат дека децата биле преплашени и збунети и дека се обидувале да побегнат од станот. Ја тегнеле влезната врата, но таа била заклучена.

Соседите ги слушнале децата како плачат, па дури и повикале полиција, но тие не сакале да интервенираат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1