Мик Џегер стана татко по осми пат, на 73 години! ФОТО


Легендата на рок-музиката Мик Џегер пак стана татко во 73-тата година, соопшти неговата агентка.

На Џегер ова му е осмо дете, овојпат од врската со 29-годишната балерина Мелани Хамрик. Пејачот веќе има седум деца од поранешнените бракови и врски, пет внуци, а во мај 2014 година стана прадедо. Децата ги има со Марша Хант, Бјанка Џегер, Џери Хол и Луциана Гименез Морад.mik-djeger

– Синот на Мелани Хамрик и Мик Џегер се роди денеска во Њујорк. Мик беше покрај Мелани во текот на породувањето. Мајката и детето се добро и од медиумите бараат да ја почитуваат нивната приватност – соопштила долгогодишната агентка на легендарниот бенд „Ролинг стоунс“ Фран Куртис.3b2ff2a900000578-4014018-a_tangled_family_tree_he_is_one_of_the_most_famous_rockers_on_th-a-13_1481220162365

Медиумите пишуваат дека Мик и Мелани ја започнале врската пред две години, по самоубиството на неговата претходна девојка Л’Врен Скот, која му беше партнерка 13 години.

„Ролинг стоунс“ неодамна издадо нов албум под називот „Blue & Lonsome“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1