Се гласа на 3.526 избирачки места во 7 изборни единици – кандидати на 11 коалиции и партии


Денешните предвремени парламентрани избори се спроведуваат според пропорционалниот модел во 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и една – седма изборна единица со 46 избирачки места за гласање во странство.

Според заклучениот Избирачки список право на глас имаат 1.784.416 полнолетни македонски државјани, од кои 1.531.368 во Македонија. На посебниот Избирачки список запишани се 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство, а за гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 20.573 граѓани.izbori glasanje

Во Првата изборна единица право на глас имаат 295.948 граѓани, а ги опфаќа општините Чаир, Аеродром, Центар, Карпош, Кисела Вода, Македонски Брод, Сарај, Сопиште и Студеничани.

Во втората изборна единица се Шуто Оризари, Ѓорче Петров, дел од општината Чаир, Чучер Сандево, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Куманово, Липково и Старо Нагоричане, а можат да гласаат 306.471 леце.

Во третата изборна единица право на глас имаат 280.727 жители на Штип, Чашка, Чешиново-Облешево, Берово, Делчево, Градско, Илинден, Карбинци, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Пехчево, Петровец, Пробиштип, Ранковце, Старо Нагоричане, Свети Николе, Велес, Виница, Зелениково и Зрновци.

Четврата изборна единица има 282.537 гласачи, а ги опфаќа Битола, Богданци, Босилово, Демир Капија, Дојран, Гевгелија, Кавадарци, Конче, Кривогаштани, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Прилеп, Радовиш, Росоман, Струмица, Валандово и Василево.

Дел од жителите на општината Битола ќе гласаат во Петата изборна единица каде исто така се општините Центар Жупа, Дебар, Дебарца, Демир Хисар, Долнени, Кичево, Кривогаштани, Крушево, Охрид, Пласница, Ресен, Струга и Вевчани. Во ИЕ 5 право на глас имаат 290.433 граѓани.

Изборната единица шест има 307.817 гласачи, а ги опфаќа Желино, Боговиње, Брвеница, Дебар, Гостивар, Јегуновце, Кичево, Маврово и Ростуше, Теарце, Тетово и Врапчиште.

Најмногу гласачи во Избирачкиот список се запишани во Куманово во Втората изборна единица – 89.802, а најмалку во Вевчани во Петата изборна единица – 2.070.

Под реден број еден на избирачкото ливче е Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под редниот број два – Демократската партија на Албанците (ДПА), тројка е Демократската унија за интеграција (ДУИ), а четири Коалицијата предводена од СДСМ. Под број пет на избирачкото ливче е Коалицијата „За промени и правда-Трет Блок, шеста е Партијата за демократски просперитет (ПДП), седма Коалицијата „Алијанса за Албанците“, осма Либералната партија, деветта ВМРО-За Македонија, десетта на избирачкото ливче е Движењето БЕСА и 11-та политичката партија Левица.

Коалициите и партиите под овие редни броеви настапуваат во сите изборни единици.

Коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ и ВМРО за Македонија имаат по 123 кандидати, Коалиција за промени и правда 120, ДПА, Либерална партија и Левица имаат по 100 кандидати, Алијанса за Албанците и БЕСА имаат по 80 кандидати и ПДП 20.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, коалицијата предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда – Трет блок и Коалиција ВМРО за Македонија имаат кандидатски листи за сите шест изборни единици и за дијаспората.

ДПА има кандидатски листа во Првата, Втората, Третата, Петата и Шестата изборна единица.

ПДП има кандидатска листа само во Изборната единица 6, а Либералната партија во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица.

Левица има кандидатски листи во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица, а Движењето Беса во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица. Коалицијата „Алијанса за Албанците“ има листи во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1