Почина кралицата на македонска музика Есма Реџеповска, а нејзината блиска пријателка и колешка Калиопи октри детали од нејзиниот приватен живот на кралицата на ромската музика, како и тоа дека ја посетила во болница пред неколку дена.
Калиопи како и многумина многу се растажи од смртта на Есма и се уште не може да верува дека ја нема.
„Таа ми беше кума на мојот брак со Васил Зафирчев, имаше многу убави моменти со Есма и сите ги носам во срце. Есма го славеше животот на свој начин, со песна, фамилија, пријателство, го сакаше својот народ. Јас мислам дека таа ќе живее засекогаш, изјавува Калиопи за еден српски медиум.
Поп дивата открива дека ја посетила кралицата Есма неколку дена пред смртта, но таа не била во свест.
По кратко боледување Есма почина на 73 години!
Vistina.mk