ДИК молчи: 51:51, 51:50 или 51:49 – која е вистината?


Државната изборна комисија (ДИК) сеуште не ги објавува официјалните и конечни резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера.

Осумнаесет часа по затварањето на избирачките места во ДИК се пребројани 99.7 % од гласовите или 3.514 од вкупно 3.524 избирачки места. Пред седиштето на ДИК има десетици автомобили, комбиња и камиони полни со избирачки материјал кој е донесен од целата држава.sdsm vmro

Според Законот, ДИК има рок од 24 часа, односно до вечер до 19 часот, да ги објави официјалните резултати и да го соопшти бројот на мандатите.

Од она што е наведено на официјалниот сајт на ДИК може да се види дека ВМРО ДПМНЕ е во блага предност со освоени 452.709 гласови или 38,06%, а СДСМ има 436.469 гласа или 36,69 отсто. ДУИ освои 86.812 гласа, Движењето БЕСА 57.927, Алијанса за Албанците 35.091 гласови и ДПА 31.017 освоени гласови. ВМРО за Македонија има 24.449 гласови, Левица 12.119, Коалицијата за промени и правда – трет блок 10.083, ЛП 3.840, а ПДП 1.142 гласа.

ВМРО-ДПМНЕ освои околу 15 илјади гласови повеќе од СДСМ на предвремените парламентарни избори, покажуваат првичните резултати, информираше три часа по полноќ претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Аналитичарите не можат да ја направат проценката.Симулација на освоените мандати синоќа не направи ни Дарко Алексов, директор на граѓанската асоцијација „Мост“.

Преблиску се една до друга, за преку проекција на мандати да се стигне до проекција на силите, рече Алексов, апелирајќи да се почекаат комплетните податоци од ДИК.

Некаде 100 или 200 гласа може да бидат решавачки, вели Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Граѓаните сега се во исчекување на одговорот кој победи, со колку пратеници и кој ќе ја формира идната Влада. Резултатите покажуваат дека разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ може да биде најмногу два пратеника односно 51 спрема 49, 51:50 или изедначено по 51 пратенички мандат. Единствени кои можат да дадат одговор се токму ДИК.

Комбинаториките за коалицирање покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ нема да има доволно пратеници за манозинство доколку влезе во коалиција со традиционалниот партнер ДУИ и ќе мора да бара уште најмалку два пратеника од таборите на политичките опоненти. Истото важи и за СДСМ кои и да колацираат со сите албански партии , освен ДУИ, кои освоија мандати нема да го имаат потребното мнозинство.

Предвремените парламентарни избори не ставија крај на политичката криза иможебија продлабочија со оглед дека засега победник нема.

taratur.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1