УСТАВОТ НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА ИСТ БРОЈ МАНДАТИ: Победникот во пата-пата ситуација би се одредил политички


Ако се случи да имаат ист број мандати, се наоѓа политичко решение, некоја партија или коалицијата да се приклони кон една или друга страна, објаснува професорот Бајрам Положани за Телеграф.мкUSTAV

Уставот не Република Македонија не предвидел што би се случило ако две партии или коалиции имаат идентичен број мандати. Неизвесноста од резултатите од вчерашното гласање и можноста ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да имаат ист број мандати, ја отвори дилемата што во таков случај.

Професорите по уставно право се децидни дека не постои уставно, туку политичко решение.

– Не постои конкретно решение за ваков случај. Уставните норми велат дека во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, претседателот на државата го дава мандатот на коалицијата која има освоено повеќе гласови. Ако се случи да имаат ист број мандати, се наоѓа политичко решение, некоја партија или коалицијата да се приклони кон една или друга страна – објаснува професорот Бајрам Положани.

Во членот 90 од Уставот стои дека претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да му го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1