Манчевски: Се пребројуваат гласовите, сите опции отворени


На прашање какви се проекциите околу распределбата на пратеничките места, Манчевски кажа дека се уште се пребројуваат гласовите, сите опции се отворени, и ќе се почека до крајот на денот за да може финално да каже ставот.

-Меѓутоа, сите опции се отворени. Самите сте сведоци дека ретко кој се осмелува да каже број на мандати, затоа што премали се разликите, во премногу места така што ги собираме записниците од терен и може да има промена во бројките.damjan_mancevski

Имате ли точна бројка колку проценти е разликата помеѓу најголемите македонски партии?

Ја имаме апсолутната бројка на гласови но сепак таа не е важна, затоа што ви кажав, ги собираме записниците. Ги имавме вчера копиите, оригиналите покажуваат некои сосема други бројки. Во тек е броењето, ќе ве замолам да почекаме уште некое време.

Што ќе биде сега со вашите министри и дополнителни заменици министри? Дали ќе се повлечат денеска или ќе чекате официјални резултати?

Апсолутно треба да ги почекаме официјалните резултати, за да може да се потврди дека со режимот е завршено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1