Голем број граѓани се собраа вечерва пред Државната изборна комисија каде вечерва се одржува седницата на која се одлучува по приговорите што ги доставија движењето Беса и СДСМ. Се слушаат скандирања како „лопови“ и „Македонија“, а се пеат и патриотски песни. Насобраните немаат партиски обележја на себе.
Како што пренесоа повеќе домашни медиуми, повод за нивниот собир е да ја одбранат волјата на народот на изборите кои се одржаа во неделата, а на кои, според првичните резултати од ДИК, победата отиде кај ВМРО-ДПМНЕ, партија која освои 51 мандат, додека СДСМ освои 49 мандати. Воедно, насобраните бараат Комисијата да ја повлече и одлуката за графолошко испитување на жена, која се пожали дека не можела да гласа зашто, како што таа тврдеше пред Комисијата, некој друг гласал на нејзино место и се потпишал во нејзино име.
Законски, ДИК има рок до полноќ да се изјасни по приговорите на политичките партии.
TV NOVA.MK