Кремљ потврди: Русија ја прекина секоја комуникација со Америка


Веќе повеќе од јасно е дека сите дијалози со Америка се прекинати, а веќе меѓусебно не комуницираме, или тоа го правиме само по потреба, вели портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.

Руските власти соопштија дека со доаѓањето на новата американска администрација тоа не значи моментален прекин на ширењето на НАТО, а  властите потврдија и дека се затворени и повеќето канали за комуникација помеѓу Москва и Вашингтон.putin-obama-hakeri

-Повеќето добри познавачи на политиката очекуваат Владимир Путин и во 2018 година да се кандидира повторно за претседател на Русија. Сите нас не боли глава од работа и проекти, а никој не размислува и не говори за изборите, рече Песков.

Руското Министерство за надворешни работи во средата ја осуди Холандија поради тоа што ја поддржа Америка да продолжи со разнесувањето на војната опрема на нејзина територија и го изрази незадоволството на одлуката на холандскиот суд за враќање на дел од музејските уметнички дела од кКремљ на Украина.

-Изгледа холандските власти почнаа да уживаат во свесното уништување на нивната врска со Русија, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи Марија Захарова.

Захарова изјави дека одлуката на холандскиот суд за враќање на дел од вредните уметнички дела на Украина а не на Русија е неправедна и означи крај на амбицијата на Хаг да стане светски правосуден орган.

Русија минатата недела најави жалба поради одлуката на холандскиот суд поради што голем дел од вредни златни уметнички дела од Кремљ биле позајмени во Холандија, а државата ќе им ги врати на Украина, а не на Русија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1