Заев се повлекува од функцијата градоначалник на Струмица


Зоран Заев се повлекува од функцијата градоначалник на општина Струмица. Заев за неков заменик го именува советникот Коста Костадинов, актуелен претседател на Локалниот клуб на СДММ во Струмица и портпарол на оваа партија во Струмица, пишува локалниот портал Струмица Нет.zoran-zaev

Заев во своето обраќање на седницата на Советот на општина Струмица, која е во тек, каде се расправа за Буџетот на општина Струмица за 2017­та година, изјави дека оваа му е последна седница на која учествува од причина што ќе му заврши мандатот како градоначалник, заради заминување на друга функција. Денеска на седницата советниците Катерина Кузмановска и Коста Јаневски од СДСМ си поднесоа оставка, поради новата функција, како пратеници во новиот Парламент на Република Македонија, на нивно место доаѓаат Фатмаѓул Хаџи и Бранко Божинкочев од СДСМ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1