Град Скопје ги избра најдобрите спортисти за 2016 година – еве кои се тие


Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на за 2016 година.Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на за 2016 година.najdobri_sportisti_na_grad_skopje_za_2016_godina_1

Традиционално Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за годината што изминува. Се избираат најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешните 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

Дел од признанијата за најдобрите спортисти ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Ви честитам за трудот и залагањето во постигнувањето на вашите резултати, достигнувања што во континуитет ги афирмираат главниот град и Република Македонија. Чувствувам гордост, што како Градоначалник на Град Скопје денеска имам чест да Ве поздравам и да Ви честитам на вас спортистките и спортистите, тренерите, спортските работници и екипите што постигнавте завидни резултати на најсилни европски и светски натпревари, претставувајќи го достоинствено Градот Скопје и Република Македонија како најпродуктивните можни амбасадори. Градот Скопје и натаму ќе дава поддршка – финансиска, логистичка и морална, со цел и натаму да се радуваме и да ги славиме и идните спортски успеси, рече градоначалникот Трајановски.

Спортисти на годината на Скопје за 2016 година се:

Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија:

1. Томи Стефановски – Пливачки клуб Бета (Шампион во генерален пласман во далечинско и маратонско пливање на FINA Гран При серија и победник на „Охридскиот Маратон 2016“).
2. Филип Панчевски – Шаховски клуб Алкалоид (Европски шампион со шаховскиот клуб Алкалоид на Европското клубско првенство во Нови Сад, Србија).
3. Милан Кубин – Кик боксинг клуб Гладијатор (2 место во „Лоу Кик“ на Европско првенство за сениори во Лутраки, Грција).
4. Сара Ристовска – Женски ракометен клуб Вардар (3 место на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта во Лига на Шампиони 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија која обезбеди бараж за настап на Светско првенство во 2017 година).
5. Наташа Стефановска – Карате клуб Макпетрол (5 место во Кумите во категорија до 61 кг. на Европско првенство во Монпеље, Франција).
6. Стојанче Стоилов – Ракометен клуб Вардар (Учесник на Лигата на Шампиони 2015/2016 и со својот клуб влезе во осумте најдобри европски клубови, капитен на Македонската сениорска репрезентација која ќе учествува на Светско Првенство во Франција во Јануари 2017 година).
7. Енес Смаилагиќ – Карате клуб Цветан Димов (7 место на Европско првенство за сениори во Монпеље, Франција и 1 место на Балканско првенство за сениори во Истанбул, Турција).
8. Дарко Велковски – Фудбалски клуб Вардар (Учесник со клубот во Лигата на Шамиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезона 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија и со младинската репрезентација на Македонија У21, се пласира на Европското првенство за младинци У21 во Полска 2017 година).
9. Гоце Јанески – Боксерски клуб Аперкат (Освојувач на Златен Гонг Скопје 2016 и 2 место на Златна Ракавица, Србија).
10. Бобан Грнчаров – Фудбалски клуб Вардар (Учесник оваа сезона во Лигата на Шампиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезоната 2015/2016 и еден од најдобрите одбранбени играчи во домашното првенство).

Најуспешни пет спортисти во младинска категорија:

1. Азис Исмаил – Карате клуб Металург (3 место во категорија до 75 кг на Европско првенство за јуниори У21 Лимасол, Кипар).
2. Моника Пендароска – Карате Клуб Макпетрол (3 место во категорија до 53 кг на Европско првенство за јуниори У21 Лимасол, Кипар).
3. Елмедин Сејфулау – Боречки клуб Лирија 2010 (5 место во слободен стил на Европско првенство за јуниори У20 Букурешт, Романија).
4. Ељиф Елмас – Фудбалски клуб Работнички (Учесник во Лига Европа на UEFA и стигнува до четврто квалификациско коло, член на младинската репрезентација на Македонија У21, со која се пласира на Европското првенство за младинци У21 во Полска 2017 година).
5. Абреша Реџепи – Џудо клуб ИПОН (3 место на Европски Куп за кадети и јуниори во Букурешт, Романија).

Најуспешен тренер:

Раул Гонзалес – Ракометен клуб Вардар (Освојувач на Шампионатот на Македонија 2015/2016 година, освојувач на Националниот Куп на Македонија 2016 година, три години по ред меѓу најдобрите 8 европски клубови во ракометната Лига на Шампиони и Вицешампион на SEHA Лигата за сезона 2015/2016 година, со тенденција за во новата сезона во Лигата на Шампиони со својот клуб да влезе во најдобрите четири клубови во Европа на турнирот во Келн, Германија).

Најуспешна спортска екипа од Скопје:

Шаховски клуб Алкалоид (Европски Шампиони на Европското клубско првенството во Нови Сад, Србија).

Најуспешен спортист – странец кој настапува за екипа од Скопје:

Амандин Лејно – Женски ракометен клуб Вардар (Една од најдобрите европски и светски голмани и со својот клуб го освојува 3 место на FINAL FOUR турнирот на Ракометната Лига на Шампиони во Будимпешта, Унгарија сезона 2015/2016 година).

Најуспешен спортист во категорија на лица со посебни потреби:

Трајче Стојановски – Здружение на лица со телесен инвалидитет на Скопје МОБИЛНОСТ СКОПЈЕ (Еден од најуспешните спортисти кај лицата со телесен инвалидитет, Државен првак на Македонија во пинг-понг во класа 3 колички).

Покрај градоначалникот Трајановски, дел од наградите ги доделија и Јован Лазарев, член на Советот на Град Скопје, Александар Бичиклиски, член на Советот на Град Скопје и претседател на комисијата за спорт при Советот на Град Скопје, Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт, Алајдин Алија, член на Советот на Град Скопје и Наташа Илиевска-Јордановска, претседател на Сојузот на спортски федерации на Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1