Двајца киднапери, наводно поддржувачи на убиениот либиски диктатор Гадафи, ја преземале контролата врз авион на Африкија ервејз кој летал во Либија, принудувајќи ги пилотите на ербасот А320 да сврти кон Малта. Во авионот има 118 патници и членови на екипажот.
„Информиран сум за ситуацијата со локалниот лет во Либија кој беше пренасочен кон Малта. Безбедносните и итните служби се во готовност“, напиша малтешкиот премиер Џозеф Мускат на Твитер, додавајќи дека „безбедносните и итните служби ги координираат операциите“.
Сѐ уште има различни вести за тоа колку киднапери има во авионот, и едни медиуми јавуваат дека се двајца додека Тајмс оф Малта јавува дека има само еден осомничен.Се знае дека авионот патувал од либискиот град Себха кон Триполи со 11 патници и 7 членови на екипажот, но слетал на Меѓународниот аеродром на Малта каде војската ја опколила пистата. Сите летови кон овој аеродром се пренасочени на неодредено време.