Земјотрес со интензите од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Тихиот Океан крај јужните брегови на Чиле.
Како што соопшти Американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се случил на длабочина од 15 километри под океанското дно, бил со епицентар на 225 километри југозападно од чилеанскиот крајбрежен град Пуерто Монт.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами доцна попладнево соопшти дека повеќе нема опасност од појава на големи бранови по силниот земјотрес.