Нов напад во Истанбул, има повредени


Неколку лица се ранети во Истанбул, откако непознат маж отворил оган во еден ресторан во дисктриктот Фатих, јави телевизијата „Ал Арабија“.teroristicki

Каналот наведува дека пукотницата во ресторанот е изолиран инцидент и напаѓачот бил сам, пренесува „ТАС“.

Како што се додава, фотографии од местото на настанот се објавени на социјалните мрежи, а полицијата забранила пристап до местото на нападот. Неофицијално, засега нема индиции дека станува збор за нов терористички напад туку во прашање е лична пресметка.

На местото на настанот се излезени бројни полициски екипи и една од неофицијалните верзии за настанот укажува на пукање од автомобил во движење пришто мета, наводно, бил сопственикот на локалот.

Потсетуваме, во новогодишната ноќ наоружан маж во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул усмрти десетина лица, а турските власти денеска ги блокираа патиштата околу градот Киркларели во истоимената провинција која води кон бугарската граница од страв дека осомничениот за овој напад би можел да побегне во Европа преку Бугарија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1