Поради најавените екстремно ниски температури во текот на наредните денови, Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска и да го исчистат снегот од приодите до нивните објекти.
-Доколку навреме не се исчисти снегот од приодите до објеките, постои можност од појава на голомразица што ќе го отежни движењето на граѓаните и извршувањето на секојдневните обврски. Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и согласно надлежностите интензивно ги расчистува градските улици и булевари, плоштадите и приодите до јавните институции и згради., соопштуваат од Градот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.
Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.