Апел од Град Скопје до граѓаните – прочитајте ги препораките


Поради најавените екстремно ниски температури во текот на наредните денови, Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска и да го исчистат снегот од приодите до нивните објекти.cistenje sneg

-Доколку навреме не се исчисти снегот од приодите до објеките, постои можност од појава на голомразица што ќе го отежни движењето на граѓаните и извршувањето на секојдневните обврски. Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и согласно надлежностите интензивно ги расчистува градските улици и булевари, плоштадите и приодите до јавните институции и згради., соопштуваат од Градот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1