Цигари, бензин, кафе, интернет- Нов бран поскапувања во Грција


Секојдневните навики на Грците со промената на годината стануваат и поскапи. Новите, зголемени даноци на кафето, цигарите, нафтата, фиксната телефонија и на интернет, се очекува 2017 година да ја направат уште потешка за јужниот сосед.greece

„Новогодишното пакетче“ со новите даноци беше изгласано од грчкиот парламент уште во мај минатата година, а од 1 јануари стапи во сила. Промените се однесуваат на Грците, но индиректно и на туристите што ја посетуваат Грција, а меѓу нив и Македонците. Македонските државјани сега ќе треба добро да се подготват за патувањето во Грција – резервоарот на возилото да го наполнат во Македонија, а пушачите да се снабдат со цигари.

Со промената на годината експресно се променија и цените на бензинот на бензинските пумпи низ Грција. Па, така, сега цената за еден литар е од 4 до 10 центи повисока во споредба со последниот ден од 2016 година. Од половина до 1 евро се зголемува цената на цигарите, додека, пак, кафето се очекува да биде околу 20 центи поскапо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1