Поради силен ветер, има појава на снежни наноси од снег. Се препорачува делниците кон Штип и Кочани, кај Лозово, Сарамзалино и Крупиште доколку нема исклучителна потреба да не се користат.
Силниот ветер го носи снегот на коловозот и целосно ја намалува видливоста.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ се на терен и работат со градежна механизација за расчистување на снегот.