Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп, ќе биде советник на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, јави „Си-Ен-Ен“.
Трамп во среда ќе одржи прес-конференција на која, како што се очекува, ќе ги изнесе деталите за плановите и ќе одговара на прашањата поврзани со неговата работа.
Се претпоставува дека Трамп ќе објави оти неговата ќерка Иванка Трамп нема да управува со неговата компанија.
Кушнер, меѓутоа, поради неговата работа би можел да се најде во судир на интереси.