Трамп ќе го именува својот зет за советник


Џаред Кушнер, сопругот на Иванка Трамп, ќе биде советник на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, јави „Си-Ен-Ен“.tramp-kusner

Трамп во среда ќе одржи прес-конференција на која, како што се очекува, ќе ги изнесе деталите за плановите и ќе одговара на прашањата поврзани со неговата работа.

Се претпоставува дека Трамп ќе објави оти неговата ќерка Иванка Трамп нема да управува со неговата компанија.

Кушнер, меѓутоа, поради неговата работа би можел да се најде во судир на интереси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1