Ердоган предизвикува нова бура: Дали е можно Турција да го напушти НАТО?


Лидерот на руските Либерал демократи изјави дека Ердоган му сугерирал дека Турција би можела да го напушти НАТО, а еве и зошто…

Турскиот претседател Ердоган ја изненади светската јавност кога во 2013-та година додека беше премиер, во врска со Шангајската организација за соработка му рече на Владимир Путин: „Извлечи не од ова патење (обидите на Турција за влез во Европската унија). Сакаме да го финализираме договорот за слободна трговија со евроазиските земји. Разговарав за SCO со вас и претходно – ние сериозно сметаме на тоа“.erdogan-putin

Тогаш, изјавата на Ердоган делуваше како шега или обична провокација со цел да биде испратена порака до Брисел – „Не сте ни потребни, имаме и други опции“ и може да се каже дека мал број на луѓе ја сфатија сериозно ваквата порака на Ердоган.

Три години подоцна, во ноември 2016-та година Ердоган уште еднаш проговори за турското учество во SCO: „Турција не треба да вели – „Ние сме за ЕУ, без оглед на се“. На пример, зошто Турција не би била дел од Шангајската петорка?“, изјави Ердоган.

Во овој случај, неговите зборови не беа дочекани несериозно. Многу работи се променија од 2013-та година и во меѓувреме односите помеѓу Турција и Западот ослабеа, посебно после обидот за државен удар во јули минатата година. Од друга страна, односите помеѓу Русија и Западот исто така се влошија поради руската агресија во Украина, анексијата на Крим и интервенцијата во Сирија.

Сите овие фактори ги зближија Анкара и Москва, со што членството на Турција во SCO е сосема реална опција. Таканаречената „Шангајска петорка“ (Русија, Кина, Казахстан, Киргистан и Таџикистан) беше формирана во 1996-та година, а во 2001-ва година беше преименувана во SCO откако се вклучи и Узбекистан.erdogan-avion

Потоа, статус на надбљудвачи во SCO им беше доделен и на Монголија, Иран, Белорусија и Авганистан. Индија и Пакистан пристапија во 2016-та година и оваа година ќе станат полноправни членки. Од друга страна, Турција е „партнер во дијалог“ од 2012-та година.

Русија сака Турција да пристапи во SCO од три причини – да ги зближи односите со Анкара, поради економски причини и поради безбедносни причини.

Русите сакаат да ги зближат односите со Турција после соборувањето на рускиот авион од турските воздушни сили во 2015-та година во близина на турско-сириската граница. Од економска гледна точка, Турција може да ѝ послужи на Москва како енергетска централа за спојување на Европа и Азија, а од безбедносни причини, Турција ѝ е потребна на Русија поради актуелната ситуација на Блискиот исток.

Сепак, мора да се истакне дека голем број на експерти во Русија се скептични во врска со членството на Турција во SCO затоа што сметаат дека не е можно земја – членка на НАТО да учествува во нивната организација. Од друга страна, во Турција ретко кој што гледа на членството во SCO како алтернатива на НАТО и ЕУ, затоа што Евроатлантските организации имаат многу, многу поголема моќ во сите аспекти.erdogan

„Турција поради својата географија и култура, лежи во Азија и Европа, исто како и Русија. Поради тоа, SCO не е алтернатива на Европската унија. Ние не го користиме тоа за да ги уплашиме во ЕУ. Сепак, не можеме да ги занемариме заканите и шансите кои што ни се укажуваат. Немаме право на тој луксуз да речеме – ЕУ е нашата единствена опција и ќе правиме се што е потребно за да се приклучиме“, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим за време на неговата посета на Русија минатата година.

Русија досега на SCO гледаше повеќе како на безбедносно-политичка организација, отколку економска, па затоа шансите на НАТО земја да пристапи се сериозно намалени, иако напорите на Анкара се добредојдени во Москва.

Либерал демократот Жириновски после ноемвриската посета на Турција изјави дека Ердоган лично побарал Русија да помогне во турските напори за приклучување во SCO, по што јасно е дека Турција може да ја напушти НАТО Алијансата.

Но, дали Турција е подготвена да го ризикува членството во НАТО? Дали Ердоган навистина е подтотвен да се откаже од членството во најмоќната воена алијанса на светот, или сепак се „шегувал“. Најдобро ќе покаже времето, односно следните неколку години во зависност од тоа како ќе е одвива сириската криза.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1