Прозорите имаат режим за лето и за зима: Наместете ги вака за да не ви дува (видео)


Изминативе денови Македонија ја зафати студен бран, поради кој мислиме дека зимата веројатно никогаш нема да помине. Колку и да се греете не е доволно. Толку е студено како да немате кров ниту ѕидови.

ПВЦ столаријата е најчестиот избор, затоа што е најлесно да се регулира, а и најдобро ја задржува топлината во домот. Но за време на вградувањето мајсторите не ви кажуваат доста важни работи, кои и тоа како може да ви значат во ваквите екстремно студени денови.ciscenje-prozora

Поента е дека во различните временски прилики потребно е да го смените начинот на „одржување“ на прозорите. Едноставно отворете го прозорот и пронајдете го шрафот од страна каде се наоѓа рачка, па наместете г со помош на инбус клуч/ Шрафот кој се наоѓа од страна на шарката вртете го навнатре при што се регулира силата на притисокот на прозорскиот рам.
Кога мајсторите ви ги поставуваат прозорите најчесто ги оставаат во „стандарден“, односно среден „режим“.

Ако не сте сигурни во кој „режим“ ви се вратите и прозорците во домот, едноставно со прозорското крило притиснете лист хартија. Ако можете без проблем да го извадите, наместен е на „летен“ режим, а доколку се искини за време на вадењето тогаш е на зимски режим.

Не е пожелно да се оставаат прозорите и вратите на „зимски режим“ во текот на целата година затоа што оптоварувањето на гумата на рамот се зголемува, па брзо ќе се потроши.

Погледнете го деталното објаснување во видеото:

извор: Македонија денес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1