Снежно невреме ги парализираше Германија и Франција: Жртви, блокирани улици, откажани летови


Снежно невреме денес погоди делови од западна Европа, пред се Германија и Франција. Настанат е хаос во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, а дел од домаќинствата се без електрична енергија.Snow fall in Berlin

Во Германија минатата ноќ, невремето го зафати прво западниот дел од земјата со обилни снежни врнежи, а потоа се прошири и на истиочниот дел. Снежниот бран „Егон“ целосно го парализираше утринскиот сообраќај. Голем број на училишни автобуси не пристигнале до своите дестинации, а на северот од Германија еден возач загинал откако неговото возило излетало од патот.

Ситуацијата поради обилните снежни врнежи особено критична во Баварска и Тириншка каде многу прометни улици се блокирани од гранки кои натежнале и се скршиле поради натежнатиот снег.

Во големи делови од западна Германија за товарните возила е забранет сообраќајот и полицијата ги отстранува возилата од автопатот пренасочувајќи ги кон паркинзите. Во Франкфурт откажани се 125 летови поради силниот ветер, а слична е ситуацијата и во останатите аеродроми во средна Германија.

Прекинот на електричната енергија во Франција погоди 237.000 жители, кога олујата поминала низ Нормандија и регионот северно од Париз. Една жена загинала откако на неа паднало стебло.

Во некои делови на Франција, училиштата и факултетите беа приморани да ги затворат вратите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1