Почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар


Попладнево неочекувано почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар на 50-годишна возраст. Ѓумар беше еден од најголемите уметници во историјата на Македонија.

Диригентот Саша Николовски – Ѓумар е роден во Битола во 1966 година. По завршувањето на средното образование се запишува на Електро-техничкиот факултет во Скопје, но го напушта за да се занимава со музика.20160904094506Sasha-Nikolovski

Се запишува на Факултетот за музичка уметност на отсекот за музичка теорија и педагогија и дипломира како најдобар студент на генерацијата. За време на овие студии, се запишува и на отсекот за композицијаи диригирање, од кој дипломира со највисоки почести, диригирајќи ја Вердиевата опера „Травијата“ во Македонската опера и балет.

Саша Николовски настапуваше во Унгарија, Романија, Бугарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предава хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето.

Покрај бројните награди и признанија за уметничките дострели, љубовта и континуираната посветеност кон класичната музика која со искрена страст ја негуваше, на маестро Саша Николовски Ѓумар му донесе и Златен Орден за заслуги за Австрија.

Последните четири години дејствува како претседател на Здружението на диригенти на Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1