5 илјади вработувања во здравството


Клиниката за токсикологија како и во поголем број здравствени установи има постојано потреба од нов кадар и од доктори, сестри и од болничари, посочи денеска министерот за здравство Никола Тодоров.urgenten brza pomos klinika

Тодоров денеска беше во посета на Клиниката каде што беа набавени и нови апарати, а било разговарано и за потребата од нов кадар.

– Иако јас откога сум министер досега имаме вработено во здравството околу 5.000 здравствени работници и соработници, сепак се уште има потреба од нови вработувања во здравството. Ова е еден процес кој никогаш не треба да сопре. Впрочем, тоа било и најголемата грешка што е направена во минатото, еден кадровски егзодус со кој се оставија голем број на болници без потребниот персонал, особено без доктори и сестри. И со 5.000 вработувања во овој период не се затвори таа дупка која беше креирана како резултат на долго време невработувања во здравството, рече Тодоров.

Според него, здравството е област во која не смее да се импровизира особено во делот на кадарот и грешките кои се направени во минатото се рефлектираат и чувствуваат и од тој аспект имаат обврска постојано да инвестираат во човечките потенцијали во здравството. – Опремата е многу значајна, зградите исто така, но она што го прави здравството силно се доволниот број посветени здравствени работници без кои не може да се замисли нормално функционирање на здравствениот сектор, додаде Тодоров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1