Најлошото допрва доаѓа: На пролет пристигнува нова бегалска криза која ќе ја потресе Европската унија


Десетици илјади мигранти во потрага за подобар живот, бегајќи од земјите зафатени од војна како Либија, ќе тргнат оваа година на пат кон Европа, пренесува Associated Press.
Над 180 илјади лица, од кои што повеќето ќе бидат таканаречени „економски мигранти“ со многу мали шанси за останување во Европа, минатата година се обидоа да го преминат Средоземното море и да стигнат до италијанскиот брег. Околу 4500 од нив го загубија животот или се водат како исчезнати.migranti-zica-640x294

Уште во првиот месец оваа година, стотици од нив се упатија кон морето, и покрај лошите зимски услови. Само минатиот викенд загинаа над стотина луѓе недалеку од либискиот брег откако потонал бродот кој ги превезувал.

Многу европски лидери денес предупредуваат на нова мигрантска криза со затоплувањето на времето, кога се очекува нов бран на илјадници мигранти да се обидат со помош на криумчарите да стигнат до земјите од Европската унија.

Најгласен од сите европски лидери е премиерот на најмалата земја – членка на Европската унија – Малта.

„Кога ќе пристигне пролетта бројот на луѓето кои што ќе се обидат да го преминат Медитеранот ќе достигне рекордно ниво. Нашиот избор се состои во тоа да се обидеме нешто да сториме сега, или пак да се состанеме во април или мај за да пронајдеме некое решение“, изјави Џозеф Мускат, чија што земја неодамна го превзеде претседавањето со Европската унија.bura-od-migranti-630x315

Европската унија сега го има контроверзниот план за задржување на мигрантите во Турција. Во замена за тоа, Турција од Европската унија добива милијарди евра, а договорено е укинување на визите за турските државјани, иако засега тоа не е исполнето.

Како и да е, сега ЕУ сака да го примени истиот план и за африканските мигранти, и покрај критиките според кои враќањето на мигрантите во нивните земји не би било безбедно. Во секој случај, во очите на лидерите на ЕУ, договорот со Турција функционира, а бројот на мигранти кои што пристигнуваат на грчките острови е драстично намален.

Нигер, Нигерија, Етиопија, Мавританија, Мали и Чад се наоѓаат под посебна лупа на ЕУ, а борбата против мигрантите од овие африкански земји се покажа како доста скапа. Поради тоа, ЕУ ќе се обиде да го ископира турскиот договор и да склопи договор со Либија и Египет од каде што поаѓаат најголемиот број на мигранти.migranti-ungarija

Премиерот на Малта смета дека европската антикриумчарска мисија „Операцијата Софија“ треба да се прошири и во либиските територијални води за да се спречи бродовите со мигранти да стигнат до европските брегови.

Сепак, тоа во пракса не е така лесна операција, затоа што ЕУ нема поддршка од Обединетите нации за таков процес, а Либија нема стабилна влада која што би можела да постигне договор со Европејците, што значи дека можно е Стариот континент на пролет повторно да биде потресен од нова голема мигрантска криза.

Tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1