Полицијата во Роуд Ајленд ја реши мистеријата стара повеќе од 30 години – ги пронајде Кели и Кимберли Јејтс, кои исчезнаа во 1985 година.
Девојчињата биле украдени од нивната мајка откако таа на суд го изгубила старателството над децата. Со децении живееле под различни лажни имиња – пренесе Си Би Ес.
Пронајдени се во околината на Хјустон, во близина на местото на живеење на нивната мајка.
Кели и Кимберли Јејтс, сега жени на возраст од 32 и 35 години, биле земени во август 1985 година од нивната мајка, без знаење на таткото. Нивната мајка Елен Јејтс, која денеска има 69 години, е обвинета за киднапирање.
Полицијата ги пронашла Кели и Кимберли по анонимна дојава.
Во програмата на Ен Би Си се јави биолошкиот татко на Кели и Кимберли, Расел Јејтс.
– Тие имаат татко кој ги сака. Сакам да позборувам со нив, но на девојките е да одлучат дали сакаат да се сретнат со мене – рече тој.