Дебар: Седумгодишник со кујнски нож го прободел братот поради игра на компјутер


Во дневната соба настанала расправија помеѓу 14 годишно и седумгодишно момче–браќа по мајка, поради игра на компјутер. Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка, информираат од полицијата.g_noz

Повреденото момче сосетката го однела во Клиничкиот центар Дебар од каде, по укажаната медицинска помош со возило на Итна медицинска помош бил препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1