Иако легендарниот пејач Џорџ Мајкл почина пред повеќе од еден месец, неговото семејство не може да ги погреба неговите остатоци.
Џорџ Мајкл почина на 25 декември 2016 година, мирно, во својот дом. Меѓутоа, сè уште се чека на наодите на лекарите кои би требало да ja утврдат причината за смртта на музичката ѕвезда, која во 53-тата година на Божик едноставно не се разбуди, пишува српски „Стори“.
Животот на неговото семејство, односно на неговите две сестри и татко му, сега се претвори во агонија.
Освен што се борат со тагата, во голем страв се поради тоа што и понатаму не ја знаат причината за смртта на Џорџ, ниту кога воопшто ќе можат да го организираат погребот. Обожавателите низ целиот свет и понатаму оставаат цвеќиња, свеќи, фотографии пред неговиот дом во Лондон, но официјалното оддавање почест на музичката легенда ќе мора уште малку да почека.
И покрај бројните приказни за тоа дека пејачот сакал да се убие, дека се предозирал и дека бил осамен брзо исчезнаа, бидејќи се отстранети сите сомнежи дека тоа е вистина.
Детективите повикуваат на трпение, пред сè, поради почит кон семејството.