Филмот кој ќе го потресе Холивуд: Ќе се откријат сите тајни, имаат и тајни снимки!


Најпознатиот развод на светот ќе се прикаже во детали…

Бред Пит и Анџелина Џоли со својот развод предизвикаа лавина реакции. Навидум идиличниот брак во еден момент го шокираше светот.02-brad-pitt-angelina-jolie-film

Сепак, во тој брак не било сè идилично и покрај тоа што така изгледаше во јавноста.

Своето љубовно патување го започнаа во 2005 година на снимањето на филмот „Господин и Госпоѓа Смит“. Сето тоа, од самиот почеток, го следел канадскиот новинар Иан Халперин кој сега има намера да ја екранизира оваа љубовна приказна која во јавноста и надвор од неа не била ни најмалку слична.

Според пишувањето на светските медиуми, новинарот темелно ќе ги расчлени сите брачни проблеми кои ги имал парот во десетгодишната врска и двегодишниот брак.

Документарецот претежно ќе го покрива периодот од 2015 до 2016 година, односно од моментот кога Анџелина го поднела барањето за развод. Иако во јавноста се чинеше како да имаат идиличен однос, парот веќе тогаш наводно живеел одвоено.

Халперин наводно набавил и многу снимки кои би можеле да ги компромитираат Анџелина и Бред.

Овој новинар рекол дека лавината не може да се запре. Документарецот ќе изобилува со податоци за кои јавноста сè уште не слушнала. Филмот засега не е откупен, па сè уште не се знае дали ќе се прикажува во кино или правата ќе ги откупи некоја телевизиска куќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1