Паника во Палермо: Тигар побегнал од циркус и направил хаос


Еден бенгалски тигар побегнал од циркусот во Палермо, а на лице место веднаш излегле луѓето од шумарската служба со пушките.tigar

Животното побегнало рано наутро, а потоа влегло во една фабрика за керамика, каде што го затекнале специјални тимови.

Тие успеале да го натераат животното да влезе во еден огромен кафез, наместо да го застрелат со шприц со седативи.

Сообраќајот во тоа подрачје бил запрен неколку часа, а толпа луѓе се собрала за да го гледа одбегнатото животно и луѓето од шумарската служба кои успеале да го фатат.

Тигарот, на крајот, безбедно бил вратен во циркусот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1