Пред неколку дена на интернет се појави снимката од инаугурацијата на Доналд Трамп на која неговата сопруга Меланија изгледа мошне вознемирено.
Сите се прашуваа што Доналд ѝ рекол на Меланија и зошто таа драстично го променила изразот на лицето. Изгледа дека сега корисниците на интернет го пронашле решението. Прво, сите се фокусирале на Меланија и на нејзината реакција. Изгледало дека Трамп се свртел кон неа и ѝ се обратил со неколку зборови.
Но, ако снимката подобро се погледне, Трамп се свртел, но не гледал во Меланија туку ја игнорирал. Иако Меланија широко и срдечно му се насмевнала на својот сопруг, тој, всушност, контакт со очите воспоставил со својата ќерка Иванка која стоела зад Меланија, пишува британски „Мирор“.
Трамп на Иванка дури ѝ испратил и бакнеж. Меланија поради тоа се растажила. Вниманието на сопругот се обидела повторно да го придобие на балот. Но, изгледала малку нервозно.