Тела на шест тинејџери најдени во градина во Германија


Германската полиција соопшти дека пронашла тела на шестмина тинејџери во една градинарска куќа на југот на земјата.germanska-policija-520x338

Полицијата соопшти дека сопственикот на градината во градот Арнштајн, на околу 75 километри источно од Франкфурт, утринава ги пронашол телата на својот син, ќерката и на уште четири лица, на возраст од 18 или 19 години.

Тој отишол таму за да ја провери ситуацијата, откако никој не успеал да стапи во контакт со децата, кои организирале забава во куќата.

Полицијата наведе дека околностите за смртта се нејасни, но нагласи дека засега нема индикации дека се работи за насилно злосторство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1