Јован Илиевски положи заклетва како судија при Европскиот суд за човекови права


Јован Илиевски положи заклетва како судија при Европскиот суд за човекови права во Стразбур, пренесува МИА.

Илиевски од денеска официјално ќе заседава во најпрестижната европска судска институција, гарантот на човековите права во Европа – Европскиот суд за човекови права, откако ја положи свечената заклетва. Тој во Судот заседава во името на Република Македонија, но одлуките на судиите не се донесуваат по национална основа на припадност на една или друга држава членка на Советот на Европа.jovan-ilievski

Илиевски беше избран за судија на есенската сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа одржана во октомври 2016 година.

Неговиот мандат ќе трае девет години. Засега во сегашниов формат на Судот од Стразбур, тој е член на првата секција на Судот.

Јован Илиевски на функцијата европски судија за човекови права ја наследи досегашната судијка Мирјана Лазарова-Трајковска, која по девет години поминати на оваа функција и последните години како претседател на петтата секција, ја напушти функцијата по крајот на мандатот на 31 јануари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1