Пожар избувнал попладнево во центарот на Скопје. Според информациите на Курир пожарот е забележан во објектот Палома Бјанка на улицата „Даме Груев“.
Од МВР потврдуваат дека кај нив пријавено е дека опожарен е оџак на објект во Палома Бјанка.
Пред опожарената пицерија „Леоне“, која е во преминот кај „Палома Бјанка“ се наоѓаат пожарникари кои успеаја да ги совладаат пламените јазици.
Засега не се познати причините за пожарот ниту висината на матерјалната штета.