Наскоро досегашните опозициски албански партии дел од Алијанса за Албанците ќе се трансформираат во една политичка партија.
Се очекува Движењето за реформи-ДПА, Унитети и НДП на Весел Мемеди да ги формализираат партиските одлуки за спојување и создавање еден политички субјект чиј лидер ќе биде Зијадин Села.
Основата на програмата ќе биде Македонија како бинационална држава. Како што дознава Алсат-М, процедурите ќе се забрзаат овие денови, а целта е да се има ефикасно делување, по изборите на 11 декември на кои Алијансата освои 3 пратенички места.