Неколку албански партии се здружуваат во една


Наскоро досегашните опозициски албански партии дел од Алијанса за Албанците ќе се трансформираат во една политичка партија.albanija

Се очекува Движењето за реформи-ДПА, Унитети и НДП на Весел Мемеди да ги формализираат партиските одлуки за спојување и создавање еден политички субјект чиј лидер ќе биде Зијадин Села.

Основата на програмата ќе биде Македонија како бинационална држава. Како што дознава Алсат-М, процедурите ќе се забрзаат овие денови, а целта е да се има ефикасно делување, по изборите на 11 декември на кои Алијансата освои 3 пратенички места.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1