Лазе за секунда ги загуби братот, ќерката и сопругата: Дошле во болница да го видат, па загинаа


Лазо Станаќев завчера од болницата ги испрати својот брат Радован (53), сопругата Етелка (46) и ќерката Дијана (21), кои загинаа во страотен судар.

Тешката сообраќајна несреча во која загинаа Радован Станаќев, неговата снаа Етелка и внуката Дијана го зави во црно две куќи во Ново Милошево кај Кикинда.radovan-stanacev-dijana-stanacev-etelka-stanacev-1487068474-1105113-104429

Тројцата роднини загинаа при враќањето од болницата во Зрењанин, каде биле во посета на Лазо Станаќев, кој за секунда го изгуби братот, сопругата и ќерката.

– Тато го зеде голфот на Лазо и со Етелка и нејзината ќерка Дијана отидоа да го посетат во болница каде беше опериран. По тој пат возел милион пати, поточно секогаш кога одеше во Зрењанин, скршен од болка вели Зоран Станаќев, син на настраданиот Радован.

Залудни беа неговите обиди да ја смири мајката Славица. Несреќната жена со солзи во очите примаше сочуство од роднините, пријателите и соседите.

-Се уште не знаеме под какви околности се случи несреќата. Таа делница, Радован ја познаваше како што вели народот, како својот џеб. Лазо во вторник треба да излезе од болница и во среда да ги закопамне Етелка и Дијана, вели синот на угледниот земјоделец од Ново Милошево.jeziva-sudbina-laza-u-sekundi-izgubio-cerku-21-zenu-i-brata-foto-sasa-uros-1487019877-1104829

Созли, неверување и очај на лицата на роднините, пријателите и соседите во дворот на Лазо Станаќев, исто така познат домаќин и земјоделец. Никој не може да ја прифати страшната вистина.

Ќерката била студент

-Дијана студираше биологија на новосадскиот ПМФ. Прекрасна, мила девојка, приврзана за родители. Беше загрижена поради операцијата на таткото. Нејзината две години постара сестра Ксенија за миг остана и без мајка и без сестра. Голема тага, рекоа низ солзи луѓето кои дојдоа да изразат сочуство на семјеството скршено од тага и болка.

Инаку, страотната сообраќајка се случи во неделата околу 17 часот на магистралниот пат меѓу Кикинда и Зрељанин. На раскрсницата на патиштата за Банатска Топола и Ново Милошево се судрија „голф 2“ и џип „тојота“, а се претпоставува дека причина за сударот е непрописното свртување на „голфот“ во кој настрадале тројцата. Возачот на тојотата Радован О. (59) од Инџија е полесно повреден, а по увидот не бил приведен од полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1