Ова е жената која го убила братот на севернокорејскиот лидер (ВИДЕО)


Кинеската телевизија CCTV објави фотографија на една од двете жени кои синоќа на аеродромот во Малезија, користејќи отровни игли, го убиле Ким Јонг Нам (45), полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Го критикувал полубратот Ким и го осрамотил својот татко, избегнал смрт во сомнителна пукотница, а потоа му пресудиле жените агенти со отровни игли.kim-109--640x427

Жените после извршениот атентат на аеродромот побегнале со такси. Тие наводно му пришле на Ким Јонг Нам одзади грб и го испрскале со отровен спреј.

Според пишувањето на поедини медиуми, двете жени кои го убиле Ким Јонг Нам, исто така се убиени.

Од друга страна некои медиуми јавуваат дека една од нив е уапсена на аеродромот во Малезија со виетнамски пасош, додека се уште се трага по вториот агент.

Сепак, постои и трета теорија и најверојатна, дека убијците се се уште на слобода и дека полицијата трага по нив.

Ким Јонг Нам беше најстариот син на диктаторот Ким Јонг Ил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1