На скопската обиколница, кај клучката Визбегово, сообраќајна несреќа преживеа поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ.
На пат кон хотелот, со кола на хрватската амбасада, дошло до судир со друго возило со скопски регистерски таблички, а во судирот нема повредени лица, пренесува Телевизија 24.
Од Министерството за внатрешни работи за Телевизија 24 ја потврдија несреќата и локацијата и велат дека интервенирале по пријава на минувачи. Со оглед на фактот што е причинета само материјална штета, на местото на настанот нема траги од несреќата.