СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Викендот пад на температурата за 9 степени


Дожд на пониските и снег на повисоките делови од земјава не очекува утре, за кога метеоролозите најавуваат и пад на температурата за осум до девет степени.oblaci i sonce nacrtano

Од УХМР информираат дека во текот на ноќта и утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен и постуден бран кој ќе предизвика врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови (15л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје утре ќе биде облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 8 степени.

Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1