Силно невреме во Англија: Пилотите едвај се справуваат – Неверојатни снимки од слетувања на авиони (ВИДЕО)


Бурата „Дорис“ прави големи проблеми на британските аеродроми, а на интернет беа објавени снимки од проблемите со кои се соочуваат авионите при слетувањето.AVION SLETUVANJE

Како што пишува „Раша Тудеј“ ветровите достигнуваат брзина и до 160 километри на час во поедини места.

Едно лице загина поради бурата. Една жена од Вулверхемптон во близина на Лондон загинала кога врз нејзината глава, во текот на бурата паднала цигла.

Во поедини места нема струја, а големи проблеми има и во сообраќајот.

Откажани се многу летови, а авионите имаат проблеми при слетувањето поради силниот ветер. Аеродромот во Манчестер ги откажа сите летови, а проблеми има и на аеродромот Хитроу во Лондон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1