Ачковска: Стравуваме дека ја губиме државата дел по дел


Многу депресивно ми изгледа целата ситуација. Последните преговори коишто се случуваа сега се врв на едно многу подалечно сценарио. Значи, сега имаме ние круна на едно сценарио кое е многу одделно. Веднаш кога започнаа бомбите и целата таа дестабилизација на државата, сето тоа беше еден сојуз кој беше насочен не против владата на ВМРО, туку против националниот идентитет на македонскиот народ и против македонската држава, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова проф. Виолета Ачковска.achkovska-640x360

„Од првиот момент, и сега го мислам истото, со нудењето на оваа платформа, суштината е тоа, не е ништо друго и целата таа ситуација, мене како Македонка, многу тешко ми паѓа бидејќи ние Македонците немаме држава. Ова е едно парче кое сме успеале во историјата да го направиме. И затоа можеби е присутен нашиот страв дека ние ја губиме државата, институција по институција, дел по дел“, вели Ачковска.

Во вечерашното Отворено студио на ТВ Нова на тема „Договори, преговори, има ли крај?“ дебатираа проф. Виолета Ачковска, Валентина Божиновска – претседател на комисија за односи со верски заедници, проф. Беса Арифи и политичкиот аналитичар Сотир Костов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1