Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска му го достави на претседателот Ѓорге Иванов доказот за обезбедно парламентарно мнозинство за формирање влада.
Заев на претсадателот Иванов во вилата „Водно“ му достави потписи од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците.
Тој пред средбата со претседателот на државата во кусата изјава рече дека очекува Иванов да му го врачи мандатот за формирање влада.
На средбата кај претседателот Иванов присуствуваа и потпретседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски.
Од кабинетот на Иванов претходно информираа дека по доставувањето на доказот за обезбедено мнозинство се очекува претседателот да донесе одлука во наредните денови.