На иницијатива на здружението „За заедничка Македонија”, кое со вчерашниот собир сакаше да порача на сите политички партии да го почитуваат Уставот, да се обврзат дека нема да го променат името и да не прифаќаат платформи создадени за туѓи интереси, денеска ќе се одржат повторно протести.
За денеска се најавени протести во неколку градови низ Македонија, Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Кичево, со цел да се одбрани Македонија и да се зачува унитарноста на државата.
Протестите како што е најавено, ќе се одржуваат секој ден додека не се исполнат барањата. Нивна цел е зачувувањето на уставниот поредок, почитување на сите политички субјекти на Уставот, на сите партии, избегнувањето на делување по туѓи диктати…