Момче прободено со нож по расправија за мобилен


Дваесет и едногодишно момче е повредено во левата потколеница од убод со нож при вербална расправија меѓу две групи, што се случила синоќа околу 19.30 часот на улицата 133 во Тетово.noz

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во расправијата, во која од една страна учествувале 10 до 12 лица, а од другата страна шест лица, Е.Ц. на Ѓ.Д. со нож му нанел убодна рана во пределот на левата натколеница.

Како причина за насилството се наведува тоа што Ѓ.Д му продал мобилен телефон на Е.Ц и не го исклучил фејсбук профилот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1