Моамер ел Гадафи, имал харем од киднапирани девојки, кои ги силувал кога и да посакал. Новинарка на француски весник „Монд“, Аник Кожан издала книга со наслов „Во харемот на Гадафи“ базирана на сведочења на жени кој биле дел од харемот за ,,силување,,
Според нивните сведоштва, доволно било некоја девојка на улица да му запне за око на Гадафи и во рок од еден час да биде киднапирана и однесена во харемот.Гадафи го направил харемот во подрумот од својата резиденција, тој буквално се иживувал врз девојките – ги тепал, ги силувал и ги мачел.
Тоа го правел и ден и ноќ, сведочеле девојките. Нивните семејства иако знаеле каде се не смееле да писнат против лидерот и се помириле со судбината дека нивните девојчиња ги нема повеќе. Семејствата и се откажувале од нив од страв дека ќе имаат последици.
Една од девојките која го преживеала пеколот во харемот – со име Сораја име кое и било дадено во харемот ни откако преживеала по смртта на Гадафи неможе да се врати дома. Семејството не сака да ја види, се срамеле од неа бидејќи била секс робинка.
Нејзините браќа дури се обиделе и да ја убиат, за да го отстранат срамот од семејството. Некои од робинките по падот на Гадфи дури биле прогласени и за соработници на диктаторот од новата либијска влада. Некои од нив се егзекутирани иако не биле доброволно во харемот.
Освен киднапираните робинки, поранешниот либиски лидер имал и десетици љубовници што потекнувале од познати семејства. Нив не ги злоставувал сексуално, туку им давал скапи поклони накит и други скапоцености.